Претежно сончево и топло ќе биде времето денеска. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло.