Видеото од ракувањето меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон стана вирално.
На видеото се гледа како турскиот претседател ја зграпчува десната рака на Макрон со левата рака, ја влече, а потоа го погали со десната рака.
Потоа францускиот претседател со левата рака ја зграпчува десната рака на Ердоган одозгора.
Потоа Ердоган со десната рака го зграпчува показалецот и средниот прст од левата рака на Макрон.
Макрон успева да го извлече показалецот од стисокот на Ердоган, но Ердоган го држи средниот прст на Макрон во следните неколку секунди и не го пушта.