„Вељо и Боре се договараа како да му пријдат на Панче“

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, судијата Ивица Стефановски го испрашуваше четвртообвинетиот Влатко Кешишев.

– Настанот со Панче Жежовски беше на 22.11.2023? – праша судијата.

– Датуми не помнам, но да – одговори Кешишев.

– Еден ден пред настанот вие бевте кај Веливор Манев? – праша судијата.

– Да – одговори Кешишев.

– Тоа што го гледавме на снимките беше од вечерта пред убиството на Панче? – рече судијата.

– Да – одговори Кешишев.

– Според снимките, дали вие дојдовте приквечер со „кангуто“ кај Велибор во Велес? – праша судијата.

– Да – рече Кешишев.

- Advertisement -
Ad image

– Каде престојувавте? – запраша судијата.

– Во гаражата на Велибор – одговори Кешишев.

– Кој беше таму кога стигнавте? – праша судијата.

- Advertisement -
Ad image

– Вељо и Боре – одговори Кешишев.

– По извесно време, отидовте заедно со Велибор да купите бензин? – рече судијата.

– Да – возврати Кешишев.

– Додека седевте во гаражата, пред да излезете да купите бензин, за што разговаравте? – праша судијата.

– Се договараа како да пријдат до куќата и до Панче – одговори Кешишев.

– Откако се вративте, дали отидовте во домот на Панче? – праша судијата.

– Тие отидоа, мене ми рекоа да чекам на главниот пат. Се задржаа 30 до 40 минути – објасни Кешишев.

– Потоа се вративте во домот на Велибор? – рече судијата.

– Не. Веднаш со „кангуто“ со Палчо отидовме во Скопје – одговори Кешишев.

– Боре што направи? Дали дојде со вас? – запраша судијата.

– Не. Не знам што направил, веројатно си отишол дома. Тој е од Велес. Јас и Палчо се вративме во Скопје.

– Во колку часот се вративте? – праша судијата.

– Не знам, ноќе беше, не знам колку беше часот – одговори Кешишев.

– Дали следниот ден отидовте кај Панче? – праша судијата.

– Јас никогаш не сум бил кај Панче – возврати Кешишев.

– Опишете го утрото кога е грабнат Панче – рече судијата.

– Утрото околу 7 или 7.30 стигнавме со Палчо во Велес. Тој ми кажа да чекам во „кангуто“ и тргна пешки кон местото каде што беа договорени – раскажа Кешишев.

– Што имаше во „кангуто“? – праша судијата.

– Не знам, не се сеќавам. Напред седев и немав видено што има одзади – одговори Кешишев.

– Не носевте ништо за јадење? – рече судијата.

– Не – возврати Кешишев.

– Дали Боре и Манев носеа маски, црни фантомки? – праша судијата.

– Не.

– Дали носеа медицински маски?

– Не, кога стигнаа во кангуто, не носеа ништо – одговори Кешишев.

– На снимките од пред домот на Велибор, вие носевте ранец? – праша судијата.

– Да, го зедов од „кангуто“ – одговори Кешишев.

– Дали во тој ранец претпоставувате дека бил пиштолот? – запраша судијата.

– Не знам, не го отворав ранецот. Додека не ми кажат, не пипам ништо – рече Кешишев.

– Врз основа на што тогаш претпоставивте дека во ранецот има пиштол?

– Така претпоставив, бидејќи ако го носеше пиштолот со себе, ќе се познаеше преку облеката – одговори Кешишев.

– Значи ли тоа дка знаевте дека Палеввски носи пиштол кога тргнавте кај Панче? – праша судијата.

– Не знаев додека не се случи тоа што се случи – рече Кешишев.

– Што се случи откако е грабнат Панче? – рече судијата.

– Тргнавме со возилото кон местото Рудник – одговори Кешишев.

– Кој го возепе „кангуто“?

– Јас го возев, а до мене седеше Велибор Манев. Зад нас во цитроенот беа Палчо и Боре. Палчо го возеше „цитроенот“, објасни Кешишев.

– Што се случи кога стигнавте кај местото Рудник? – праша судијата.

– Тоа е шума, зад шумата е селото, на 3 до 4 километри. Се паркирав над пунктот, Велибор излезе од „кангуто“ и продолжи со другите двајца со „цитроенот“ – објасни Кешишев.

– Колку бевте вие оддалечени од дупката? – праша судијата.

– Од око, околу 300 метри – рече Кешишев.

– Вие знаевте каде е дупката?

– Да. Претходно ја копав со Велибор – рече Кешишев.

– Колку време се задржаа таму, кај дупката – праша судијата.

– Мислам околу 30 минути.

– Слушнавте ли истрел? – рече судијата.

– Се слушна, но не толку силно, бидејќи бев далеку – рече Кешишев.

Што се случи потоа? – праша судијата.

– Се вратија со цитроенот, Вељо седна до мене на совозачкото седиште и ми кажуваше каде да возам. Се спуштивме на главниот автопат, ми кажуваше каде да свртам по стариот пат преку Катланово за Скопје. Стигнавме до првата населба Маџари. Велибор преку моторола се договори со Палчо каде да се паркираме. Имаше паркинг, се паркиравме, зад нас стигна Палчо во „цитроноет“ со Боре и го паркираа зад нас. Боре излезе од „цитроенот“, Палчо го избриша воланот од цитроенот со ВД 40, влезе во „кангуто“, до него седеше Вељо, а јас и Боре влеговме позади. Стигнавме до штабот, а „цитроенот“ остана на паркингот – објасни Кешишев.

Share This Article