Background

Вековна традиција и изобилство од вкусови и бои

Безвременските класични турски јадења, кои се пренесуваат низ генерации, се значаен дел од богатото кулинарско наследство, кое е симбол на турската култура. Како нераскинлив дел од традицијата на земјата, класичната турска кујна е одраз и на познатото турско гостопримство, љубезност и заедништво. Турската кујна е препознатлива и по едноставните техники на готвење, како и по големата регионална разновидност. Од јадењата на егејското крајбрежје на база на маслиново масло, до смелите специјалитети на југоистокот преполни со зачини и кујната богата со морски плодови на Црното Море, секоја провинција од вкупно 81, има свои интерпретации на одредени јадења. Ваквото богатство на рецепти, методи на готвење и неверојатни вкусови се одбележува секоја година, за време на Неделата на турската кујна која се одбележува од 21 до 27 мај. Во бројните вкусни класични турски јадења се вбројуваат крем-супата од леќа, супа од тарана, имамбајалди – модри патлиџани со фил од кромид и домати, манти – турски кнедли, бурек со месо, сирење или компири, понатаму, карнијарик – преполовен модар патлиџан полнет со мелено месо, чачик – турската верзија на таратор, како и чорба од бел грав и различни видови сарма. Неизоставен дел од менито што го сочинуваат традиционалните турски специјалитети се и освежителните салати бостана и чобан, разновидните овошни компоти и многу вкусни турски десерти, како што се тавукгогсу -пудинг од пилешки гради, казандиби – карамелизиран млечен пудинг и познатата баклава. Богатото кулинарско наследство на Туркије, преку различните вкусови и мириси, ја раскажува долгата и богата историја на земјата и културната размена, која со векови се случувала на овие простори.

Фото: ПР

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation