Background

Веќе нема ограничувања за број на летови, илјадници Израелци се враќаат дома

Израел во вторникот навечер повторно ги отвори своите воздушни простори за воздушен сообраќај, откако Командата за внатрешна безбедност ги укина сите ограничувања за собирања, бидејќи кревкото примирје со Иран изгледа почна да стапува на сила, објави Тајмс оф Израел.

Главниот меѓународен аеродром Бен Гурион, како и другите аеродроми во земјата, се враќа на полна работа откако воздушниот простор беше речиси целосно затворен во изминатите 12 дена од конфликтот. Како дел од владина операција, израелските авиокомпании во последниве денови почнаа ограничени репатријациски летови за да вратат околу 100.000 до 150.000 Израелци, заглавени во странство и за да им помогнат на оние што се заглавени во земјата да заминат.

„Ограничувањата за бројот на пристигнувачки и заминувачки летови, како и бројот на патници во секој лет, се укинати. Дополнително, укинати се и ограничувањата за доаѓање на патници и придружници на аеродромите“, соопшти Израелската управа за аеродроми.

- Advertisement -
Ad image

Претходно во вторникот, министерката за транспорт, Мири Регеф, изјави дека воздухопловните власти и израелските авиокомпании се подготвуваат да го зголемат бројот на летови и да го прошират работното време на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, кој ќе работи со полн капацитет, 24 часа дневно.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во понеделникот навечер објави дека Израел и Иран се согласиле на „целосен и тотален прекин на огнот“, кој стапи на сила во вторник во 7 часот наутро. Но, само неколку часа подоцна, Иран повторно испука балистички ракети врз Израел, што ја натера израелската страна да изврши мал напад врз ирански радарски објект северно од Техеран како одговор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation