Background

Василичарите ги исмеаја најголемите светски и домашни настани

Со уникатни маски и сатира, Вевчани денеска пулсира во ритамот на 15-вековната традиција – Василичарскиот карневал. Овој настан, кој го надминува локалното значење, преку креативноста на учесниците пренесува силни пораки за општествените и политичките случувања, како дома така и во светот.

Дефилето започна од почетокот на селото и се движи низ главната улица, предводено од зурли и тапани. Традиционалната поворка ја сочинуваат зетот, невестата, двата ѓаволи и Глупавите Августи, а зад нив следуваат маски инспирирани од годинешните актуелности.

- Advertisement -
Ad image

Вевчанци не откриваат однапред во што ќе се маскираат, но секоја година нивните креации се со остроумна сатира на политичките и општествените случувања. Овој карневал, покрај тоа што е празник за очите, е и можност за луцидна критика и духовит коментар за годината што изминала.

Инаку се верува дека преку маските, Василичарите го бркаат злото и со тоа го подготвуваат селото за Новата година според Јулијанскиот календар. Василичарското оро, кое традиционално се игра во центарот на Вевчани, испраќа порака за промена на негативните појави во општеството.

Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат „Љубојна“, Наум Петрески, оркестарот „Вевчани“, како и Перо Бели и Коки Биоритам.

Градоначалникот Спасе Кочовски пред почетокот на карневалот рече дека Вевчани е спремно и покрај временските услови гостите да доаѓаат, а Општината направи максимални напори за чистење на пристапните патишта и улици.

– Одамна не сме имале снежна атмосфера во Вевчани за Вечванскиот карневал. Условите се можеби по екстремни, но убаво е да се биде овие два дена во Вевчани. Општина Вевчани во соработка со јавното комунално претпријатие „Еремија“ 24 часа е на терен. Ги чистиме и регионалните патишта што не поврзуваат со Струга и Дебар за гостите да можат полесно да пристигнат – изјави Кочовски.

За содржината на маските, тој вели дека никој не ја знае освен василичарите.

– Никогаш, никој не ги знае маските, освен оние што се маскираат. Мојата помала ќерка ќе се маскира, но јас не знам во што, ќе видам сега на дефилето каква маска има. Ниту најблиските роднини не ги знаат маските. Во тоа е и убавината на Вевчанскиот карневал. Овие два дена атмосферата ќе биде како и секоја година. Очекувам се да биде во најдобар ред – додаде Кочовски.

Инаку карневалот на Вевчани останува уникатен културен феномен кој го спојува минатото со современоста, зачувувајќи ја суштината на традицијата додека ја пренесува својата силна порака.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation