Вашингтон подготвува терен за интервенција во Венецуела

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека ќе го означи т.н. Картел на Сонцата (Cartel de los Soles), сомнителен криминален синдикат, наводно составен од високи венецуелски функционери, како терористичка организација.

Одлуката ќе стапи во сила на 24 ноември, јави ДПА.

– Картелот на Сонцата со седиште во Венецуела е предводен од Николас Мадуро и други високи поединци од нелегитимниот режим на Мадуро, кои ја корумпираа венецуелската војска, разузнавањето, законодавството и судството – рече американскиот државен секретар Марко Рубио во кратка изјава.

Тој нагласи дека ниту Мадуро, ниту неговите соработници не ја претставуваат легитимната влада на Венецуела.

– Картелот на Сонцата, заедно со други преогласени странски терористички организации (ФТО), вклучувајќи ги Трен де Арагуа и Картелот Синалоа, е одговорен за терористичко насилство низ нашата хемисфера, како и за трговија со дрога во САД и Европа – додаде тој.

Се смета дека Трен де Арагуа, најмоќната банда во Венецуела, е поврзана со трговија со дрога, изнуда, нелегално рударство и шверц на луѓе, и ги прошири своите операции во други латиноамерикански земји и САД. САД ја означија групата како терористичка организација на почетокот на оваа година.

Според американската администрација, режимот на Мадуро ја претворил Венецуела во нарко-држава, влегувајќи во партнерство со колумбиската герила за извоз на дрога во Европа и САД, преку организација позната како Картел де лос Солес – Картел на Сонцата. Мадуро ги отфрли обвинувањата.

Веќе неколку недели, американските сили напаѓаат глисери во близина на брегот на Венецуела, за кои постои сомневање дека шверцуваат дрога во САД. Каракас го оцени ова зголемено американско воено присуство во областа како заканувачки гест. Нападите, исто така, предизвикаа меѓународни критики и ги поттикнаа Обединетите нации да ги повикаат САД на воздржаност.

Share This Article