Background

Вашингтон и Брисел имаат различни погледи за улогата на Москва

САД и Украина предложија различни резолуции за тригодишнината од војната во Украина кои денеска треба да бидат гласани во Генералното Собрание на Обединетите Нации. Американскиот текст нема толку силна реторика кон Русија и не ја посочува директно Москва за окупација.

Асошиејтед Прес во неделата напиша дека САД попусто вршеле притисок врз Украина да ја повлече својата резолуција во која се споменува дека Русија мора да ги повлече сите свои трупи од фронтот. Украинската резолуција е поддржана од повеќе европски земји.

Нацртот на САД, предложен на 21 февруари, жали за „трагичната загуба на животи во текот на руско-украинскиот конфликт“, повикува на брз крај и повикува на траен мир, но, не ја споменува територијата окупирана од Русија и не ја издвојува Москва како извор на конфликтот.

- Advertisement -
Ad image

Спротивно на тоа, нацрт-резолуцијата од Европската Унија и Украина се однесува на „целосна инвазија на Украина од страна на Руската Федерација“ и бара итно и безусловно повлекување на сите сили на Москва. Текстот ја обвинува Русија за окупацијата на „територијалниот интегритет“ на Киев и потсетува на потребата да се имплементираат сите претходни резолуции на собранието „усвоени како одговор на агресијата врз Украина“.

Разликата во текстовите ги одразува и проблематичните односи меѓу САД и Европа во последните 5 недели откако Трамп презеде дипломатска иницијатива и предложи преговори со Русија во кои Украина и ЕУ би биле исклучени. Првата американско-руска средба на дипломати во Ријад во Саудиска Арабија не вклучуваше украински и претставници од Европа.

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја нарече американската резолуција „едноставна и историска“ и ги повика членките на ОН да ја поддржат „со цел да се зацрта патот кон мирот“.

„Оваа резолуција е во согласност со ставот на претседателот Трамп дека ОН мора да се вратат на својата цел за која се основани, како што е содржана во Повелбата на ОН, за одржување на меѓународниот мир и безбедност, вклучително и преку мирно решавање на споровите“, рече Рубио во изјавата.

Резолуциите кои ги гласаат 193 земји членки на собранието не се обврзувачки, но одекнуваат силно во светската јавност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation