Вакви цени немало во историјата на УС Опен

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Некои љубители на тенисот нема да можат да присуствуваат на спектаклот меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, бидејќи најевтиниот билет за полуфиналето на Отвореното првенство на САД чини повеќе од 1.000 долари.

Дуелот е закажан за вечерната сесија во петок, а нема да започне пред 21 часот по македонско време.

Навивачите реагираат со бес на социјалните мрежи, откако беше објавено дека билетите за дуелот во петочната вечерна сесија на стадионот „Артур Еш“ достигнуваат суми што досега не се видени.

Продавницата за билети ТикПик објави дека најскапиот билет за натпреварот достигнал цена од 23.163 долари. Во насловот на „Есеншели Спортс“ пишува дека цените достигнуваат и до 26.000 долари.

„Цените за полуфиналниот меч меѓу Ѓоковиќ и Алкараз се највисоки во историјата на турнирот“, соопшти „Форбс“.

За споредба, мечот меѓу Јаник Синер и Феликс Оже-Алијасим може да се следи за помалку од 300 долари.

УС Опен годинава се очекува да оствари обрт од 560 милиони долари, а наградниот фонд е зголемен на 90 милиони долари. Ѓоковиќ со пласманот во полуфинале веќе обезбеди најмалку 1,26 милиони долари.

Уште нема реацкија од турнирот на лавината критики за цените, додека јавноста сè повеќе се прашува дали „тенисот станува луксуз наместо спорт за народот“.

Share This Article