В понеделник и во вторник во Скопје ќе се одржува лидерска средба ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст на која ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос, информира владината прес служба.
Како што е соопштено, в понеделник ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката Марта Кос, по што ќе следи и билатерална средба со проширени делегации.
Во вторник ќе се одржат два панела. Првиот е посветен на Планот за раст на Западен Балкан. На овој панел ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување Кос, по што ќе следи заедничка прес-конференција.
Вториот панел е биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст и на него ќе учествуваат министри, претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни партнери.
Европската комисија информира дека еврокомесарката Кос ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан за Планот за раст. На средбата ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
