Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврди постоење на картелно однесување меѓу десет осигурителни компании.
Од Комисијата информираат дека станува збор за Евроинс осигурување, Триглав осигурување, Македонинија Скопје – Виена Иншуренс, Сава осигурување, Еуролинк, Граце, Уника, Осигурителна полиса, Халк осигурување и Кроација осигурување.
Картелното здржување се однесува за осигурувањето од автомобилска одговорност кое секој сопственик на возило задолжително мора да го плати при регистрирација на возилото.
– Во постапката беше утврдено дека осигурителните компании во периодот 01.03.2024 – 07.05.2024 година, разменувале чувствителни информации, координирале активности и во исклучително краток рок донеле идентични или меѓусебно усогласени одлуки за зголемување на делот на премијата за вршење дејност – т.н. режиски додаток. Таквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата „по своја цел“, односно најтешка форма на повреда согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Размената на информации и паралелното донесување на ценовни одлуки ја заменува независната деловна политика со координирано колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането, велат од Комисијата.
Изречени се глоби во вкупен износ од 17.266.930 денари.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
