Топ Вести - Слушај сега
Утрово сѐ уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сѐ уште постои опасност од излевање во тој дел, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Водостојот на реката Треска утринава е во намалување но сѐ уште е исклучително висок и на критично ниво и постои опасност од излевање на некои делници по течението.
И реката Црна бележи зголемен водостој утрово. Во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во Демирхисарско и во Пелагонискиот регион во текот на денов.
Водостојот на реката Кичевска полека се повлекува но и таму остануваат заезерени и поплавени површини.
До крајот на денот се очекува висок водостој на реката Вардар во горното и во средното течение, како и зголемувања во долното течение на реката кон Демир Капија и кон Гевгелија.
Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
