Поради неодложни активности кои се однесуваат на фекалната канализација, утре – 27. 09 2025г. дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.
Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“.