Background

Утре се враќаат Македонците кои се во Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Македонските државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин утре треба да се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата, соопшти Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

- Advertisement -
Ad image

Според информациите на министерството, авионот на саудиската авиокомпанија „Флајнас“ ќе полета од Меѓународен аеродром Крал Халид.

Кога и каде треба да се јават граѓаните

Македонските државјани кои се наоѓаат во Ријад треба да бидат на аеродромот на 11 март во 17 часот по локално време, на Терминал 1, за да ги завршат процедурите пред полетувањето на специјалниот лет.

За македонските граѓани кои се наоѓаат во Кувајт е организиран автобуски превоз кон Ријад. Автобусот ќе тргне ноќта меѓу вторник и среда, односно на 10 март во 00:00 часот, по локално време, од Кувајт и ќе ги превезе патниците до аеродромот во Ријад, каде што ќе се приклучат на летот за Скопје.

И за македонските државјани во Манама е организиран автобуски превоз. Автобусот ќе тргне на 11 март во 06:00 часот наутро и ќе ги превезе патниците до аеродромот во Ријад, од каде ќе продолжат со специјалниот лет кон Македонија.

Министерството ги повика сите патници навреме да пристигнат на местата на поаѓање, со цел непречено завршување на процедурите пред патувањето.

Муцунски: Во тек е евакуација од повеќе земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека во тек е координирана операција за враќање на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток.

– Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза беше воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва. Во постојана комуникација сме со нашите граѓани со цел нивно безбедно и организирано враќање – изјави Муцунски.

Тој додаде дека ова е трета сложена евакуациска операција во последните 12 месеци.

Во меѓувреме, во неделата вечерта на скопскиот аеродром пристигнаа 151 патник од Обединети Арапски Емирати со лет на авиокомпанијата Флајдубаи. Поголемиот дел од патниците беа македонски државјани, а меѓу нив имаше и граѓани од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Холандија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation