Времето утре, 29 мај, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Темепратурите ќе бидат во интервал од 4 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Темепратурите ќе бидат во интервал од 10 до 20 степени.
В петок и в сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на пороен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури.