Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и со изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во вторник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси.
Од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.