Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, (локално над 25 l/m2) . Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 13 степени.
Под влијание на циклонска активност од среда (26.11.2015г) до сабота (29.11.2025г) ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.



























