Топ Вести - Слушај сега
Евакуацијата на македонските државјани од Израел е успешно завршена, откако попладнево со владиниот авион полетаа кон Скопје, информира министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Тој преку објава на социјалните мрежи соопшти дека Министерството целосно го координирало процесот на евакуација на сите македонски државјани кои изразиле подготвеност да ја напуштат земјата поради безбедносната состојба во регионот.
– Министерството целосно го координираше процесот на евакуација на македонските државјани од Израел, кои попладнево со владиниот авион полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје – информира Муцунски.
Според него, станува збор за сложен процес кој барал сериозна координација меѓу дипломатско-конзуларните претставништва, како и строго почитување на безбедносните процедури и постојана комуникација меѓу надлежните институции.
Муцунски информираше дека во меѓувреме е финализирана постапката за склучување договор со компанија која во следните денови треба да започне со реализација на летови за евакуација на македонските државјани од други подрачја погодени од воениот конфликт.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на 24-часовно располагање на македонските државјани за секоја потребна помош и поддршка – порача Муцунски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
