Усогласен е законот за заштита на овие миленици

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претставници на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ синоќа постигнаа договор околу предлог-законот на Унијата кој воспоставува правила за спречување на злоупотребите, ограничување на суровите деловни практики и за заштита на здравјето на мачките и на кучињата.

Станува збор за прв законски текст што на ниво на ЕУ ги утврдува стандардите за одгледување, сместување, регистрирање, увоз и за згрижување на мачки и кучиња.

Со законот се предвидува на кучињата и мачките во ЕУ да им се вградуваат микрочипови и тие да бидат регистрирани во интероперабилни национални бази на податоци.

Продавачите, одгледувачите и засолништата на животни ќе имаат рок од 4 години да почнат да ги применуваат овие правила. За сопствениците на кучиња тој „грејс период“ ќе важи во следните 10 години, а на мачки – 15 години.

Исто така, се забранува размножување на мачките, односно на кучињата, со нивните потомци, со потомците на нивните потомци, како и меѓу самите потомци.

Законот забранува дресирање или одгледување на кучиња или мачки на начини кои би довеле до ризици по нивното здравје. Ќе биде забрането нивно врзување за предмет, освен кога тоа е потребно за медицински третман, како и употреба на огрлици без вградени безбедносни механизми.

Кучињата и мачките увезени во ЕУ од трети земји заради продажба, ќе мора да бидат чипирани уште пред нивниот влез во Унијата, а потоа и регистрирани во националната база на податоци.

Сопствениците на домашни миленици што се носат во ЕУ ќе бидат обврзани да го регистрираат своето чипирано животно во базата на податоци најмалку 5 работни дена пред влегувањето во Унијата.

За да стапи во сила предлог-законот, кој Комисијата го предложи во декември 2023 година, сега треба да биде одобрен и од Европарламентот и од Советот на ЕУ.

- Advertisement -
Ad image

Според статистичките податоци, 44 отсто од жителите на ЕУ имаат домашни миленичиња, а 74 проценти од нив веруваат дека благосостојба на овие животни треба да биде подобро заштитена.

Во последните неколку години се бележи значително зголемување на обемот на трговијата со кучиња и со мачки во ЕУ, од која годишно се остварува промет од околу 1,3 милијарда евра. Според Комисијата, околу 60 отсто од сопствениците на кучиња или мачки ги купуваат своите миленичиња преку интернет, во отсуство на стандарди за благосостојба на животните во земјите на ЕУ.

Share This Article