Уште еден силен земјотрес утрово е регистриран во Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала бил на 39 километри од Мандалеј на длабочина од десет километри, пренесе Еј-Би-Си Њуз.
Земјотресот со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар ослободи енергија еднаква на 334 атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-ен-ен.
Таа додаде дека последователните потреси би можеле да траат со месеци, бидејќи индиската тектонска плоча продолжува да се спушта под евроазиската плоча во регионот на Мјанмар.
Според податоците објавени од воената хунта во Мјанмар, вкупниот број на жртви од земјотресот изнесува 1.644, повредени се 3.408, а 30 лица се водат како исчезнати.
Најмалку 18 лица загинаа во соседен Тајланд.
Tagged as:
Уште еден силен земјотрес утрово е регистриран во Мјанмар
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
