Времето утре, вторник, 23 септември, наутро ќе биде посвежо, додека преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 10 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 12 до 33 степени.
До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Во петок врнежите ќе бидат проследени со локална појава на грмежи, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во деновите од викендот.