Пожарот во објектот во Трубарево кој изби вчера попладне е под контрола, информира директрот на Дирекцијата за заштита и спасување. Се работи за објект во кој имало пласитчен и електронски отпад. Пожарот е изгаснат, но има активно чадење, вели Ангелов.
– Пожарот е затрупан со песок. Има чадење преку песокот и насипата земја. За жал чадењето се уште е силно. Пожарникарите работат на навлажнување на песокот. Пожарнкарите работе во текот на целата ноќ, информираше Ангелов.
Тој исто така кажа и дека во текот на ноќта повторно горело во Дрисла.
– Во текот на ноќта повторно добивме информација за горење на Дрисла. Се гледаа пламени јазици, но тоа беше гасот којшто испарува. Единица на скопската противпожарна бригара го изгасна огнот кој се закануваше да го зафати главниот дел од депонијата. Продолжуваме со затрупување, рече директорот на ДЗС.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
