Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт аларм за територијата на цела Македонија, за можно силно невреме.
Се очекува дека денеска во попладневните и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи. Ќе има услови за изолирано невреме со засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Утре, пак, поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, времето ќе биде малку посвежо. Во деновите потоа температурата повторно ќе биде во пораст и од понеделник се очекува да достигне 40 степени Целзиусови.