Украинскиот претседател е спремен за следните чекори

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денешниот телефонски разговор со американскиот колега, Доналд Трамп го оцени како „позитивен, многу суштински и искрен“.

Тој истакна дека му се заблагодарил на Трамп за состанокот на украинските и американските тимови на 11 март во Џеда, што „значително помогнал во напредокот кон завршување на војната“.

– Се согласивме дека Украина и САД треба да продолжат да работат заедно за да се постигне вистински крај на војната и траен мир. Ние веруваме дека заедно со Америка, со претседателот Трамп и под американско водство, може да се постигне траен мир оваа година – наведува Зеленски.

Тој наведе дека Трамп споделил детали од неговиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

– Еден од првите чекори кон целосен крај на војната може да биде да се запрат нападите врз енергетската и друга цивилна инфраструктура. Јас го поддржав овој чекор, а Украина потврди дека сме подготвени да го спроведеме … Американската страна, исто така предложи безусловен прекин на огнот на линијата на фронтот, а Украина го прифати и овој предлог. Ќе продолжиме да работиме за да се случи ова. Сметаме дека таквите чекори се неопходни за да се создаде можност за подготовка на сеопфатен мировен договор за време на прекинот на огнот – истакна Зеленски.

Тој потенцира дека го информирал Трамп за ситуацијата на фронтот и последиците од руските напади.

Зеленски посочи и дека украинскиот и американскиот тим се подготвени следните денови да се сретнат во Саудиска Арабија за решавање на техничките прашања поврзани со спроведувањето и проширувањето на делумниот прекин на огнот.

– На понатамошните состаноци, тимовите може да се договорат сите неопходни аспекти на напредокот кон траен мир и безбедносни гаранции – наведе Зеленски.

Тој уште еднаш му се заблагодари на Трамп и на американскиот народ за поддршката.

- Advertisement -
Ad image

– Нагласив дека Украинците сакаат мир, поради што Украина го прифати предлогот за безусловен прекин на огнот. Ја истакнав важноста на концептот на претседателот Трамп за мир преку сила. Се договоривме да одржуваме постојан контакт, вклучително и на највисоко ниво и преку нашите тимови – истакна Зеленски.

Додека Трамп на платформата „Трут соушл“ (Truth social) објави дека со Зеленски имал „многу добар“ разговор.

„Голем дел од разговорот се темелеше на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин со цел да се усогласат и Русија и Украина во однос на нивните барања и потреби. Ние сме на многу добар пат“, истакна Трамп.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article