Украинскиот новинар на „TSN“, Дмитро Свјатненко, тврди дека во Париз се сретнал со наводната ќерка на рускиот претседател Владимир Путин, Елизавета Кривоногих

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинскиот новинар на „TSN“, Дмитро Свјатненко, тврди дека во Париз се сретнал со наводната ќерка на рускиот претседател Владимир Путин, Елизавета Кривоногих. Видеото од средбата го објави на својот „YouTube“ канал синоќа.

Свјатненко претходно на Фејсбук напиша дека „ја фатил ќерката на Путин“, наведувајќи дека таа живее спокојно во центарот на Париз, „додека одбила да го заштити Киев од ракетни напади“.

Во видеото, новинарот ѝ приоѓа на жената која го крие лицето и ѝ кажува дека нејзиниот татко го убил неговиот брат пред три недели. Потоа ја прашува како може да живее во Европа и дали ги поддржува политиките на Путин.

– Не, дали ви дадов дозвола да ме снимате – му одговара жената, која тој ја нарекува Руднова.

Свјатненко тврди дека Киев е без струја и дека сирените постојано се вклучени, инсистирајќи таа да каже дали го поддржува својот татко.

– Што имам јас со тоа? – одговара Руднова, повторувајќи го истото и на следните прашања.

Новинарот ја повикува „барем да му се јави“ на Путин и да му каже да престане да го бомбардира Киев, на што таа кусо возвраќа: „Да, секако.“

Разговорот продолжува кога тој ѝ предлага да дојде во Киев и „да биде подобра воздушна одбрана од кој било Патриот (ракета)“, но таа вели дека не може да патува таму.

- Advertisement -
Ad image

Свјатненко тврди дека сакал да ѝ купи авионски билет, но дека поради политиката на Путин, авиони до Украина не летаат. Таа одговара дека не може „ништо да направи“ и дека ѝ е жал за ситуацијата.

Потоа заминува, а според новинарот, еден од мажите што ја придружувал изгледал како телохранител. Тој додава дека безжичниот микрофон кој го носел престанал да работи во моментот на разговорот, и дека претпоставува оти таа имала уред што ги блокира електронските сигнали.

Истражувачкиот портал „Проект“ уште во 2020 година објави дека Елизавета Кривоногих е ќерка на Владимир Путин и милијардерката Светлана Кривоногих, стекнувајќи богатство по наводна романтична врска со претседателот. Според нив, таа е родена во 2003 година и има „исклучителна сличност“ со Путин. Позната е и под името Луиза Розова.

- Advertisement -
Ad image

Руската уметница Настја Родионова во 2025 година изјави дека Кривоногих работи во париските уметнички галерии „Студио Албатрос“ и „Л Галери“, каде изложуваат руски и украински антивоени уметници. Таа тврди дека пријателка ѝ кажала оти некоја „Лиза“ работи таму, чиј опис се поклопува со оној на Кривоногих.
Подоцна дознала дека жената таму се претставува под презимето Руднова.

Украинските медиуми уште во 2024 година го поврзале името „Елизавета Руднова“ со Кривоногих, наведувајќи дека таа студирала уметнички и културен менаџмент во парискиот приватен универзитет „ICART“. Медиумот „Агентство“, поврзан со „Проект“, потврдил дека „Елизавета Олеговна Руднова“ има ист роденден како Кривоногих

Share This Article