Украинската и руската делегација ги завршија своите разговори во Истанбул, откако разговараа помалку од 2 часа, објави Киев индепендент.
Украински дипломатски извор изјавил за Скај њуз, пренесе Киев индепендент, дека Русија поставила „нереални“ барања кои одат „далеку од сè што било разговарано досега“.
Некои од овие барања вклучуваат повлекување на украинските војници од сопствената територија како услов за прекин на огнот, според изворот.