Русија подготвува летна офанзива во регионите Суми и Харков, сугеираат воени експерти. Додека украинските власти соопштија дека почнале со евакуација на повеќе од 200 локации во областа Суми, според Институтот за проучување на војната (ИСВ) Русија нема вистинска намера да го замрзне конфликтот.
ИСВ вели дека Русија користи лажни мировни иницијативи за да напредува на терен. Според напишаното, доколку Украина се согласи на прекин на огнот, Москва веројатно ќе бара дополнителни отстапки за регионит Суми и Харков и тоа токму во моментот кога Киев ќе биде во слаба позиција.
Во новиот извештај на ИСВ се вели дека Украина напредува во Курската област, а Русите возвраќаат со офанзива кон Часив Јар, Торецк и во Новопавливка.
Воениот гувернер на Суми, Олег Хрихоров, за украинската телевизија изјави дека досега, 52.000 луѓе од вкупно 86.000 граѓани од регионот се однесени на безбедно.
– Обезбедуваме транспорт, сместување, како и хуманитарна, финансиска и психолошка помош – рече Хрихоров.
Во извештајот на ИСВ се предупредува дека а преговорите во Истанбул Москва се заканила дека ќе ги заземе и регионите Харков и Суми.
Слични на наводите на ИСВ во извештајот даде и новинарот на „Економист“, Оливер Керол, на својот профил на социјалните мрежи.
Паралелно, Русија гради нова воена инфраструктура долж границата со Финска и Естонија. НАТО потврдува дека се обновуваат бази во Мурманск, Коми и Карелија. Се подготвува терен за идна закана кон северот на Алијансата.
Според проценките на финските власти, на Русија би ѝ требале пет години за тројно военото присуство на границата за пет години. Москва гледа на Арктикот како на стратешка точка за зачувување на својот статус на голема сила.
Tagged as:
Украина веќе почна да евакуира граѓани
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
