Топ Вести - Слушај сега
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека денеска имал добар разговор со специјалниот пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
„Ви благодарам за конструктивната, интензивна работа и за убавите зборови и божиќните честитки до Украинците. Работиме навистина 24/7 за да се приближиме до крајот на оваа брутална руска војна против Украина и за да ги направиме сите документи и чекори реалистични, ефикасни и сигурни“, соопшти Зеленски на Фејсбук.
Тој додаде дека „постојат добри идеи кои можат да доведат до заеднички исход и траен мир“, пренесе Укринформ.
„Вистинска безбедност, вистинско закрепнување, вистински мир се она што ни е потребно на сите во Украина, во САД, во Европа и кај секој од партнерите кои ни помагаат. Се надевам дека нашите денешни договори и идеите за кои разговаравме ќе бидат корисни“, нагласи Зеленски.
Тој додаде дека на разговорот присуствувале и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, началникот на Генералштабот Андриј Хнатов, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха, заменик-министерот за надворешни работи Серхиј Кислица, како и други членови на украинскиот преговарачки тим.
„Се договоривме Рустемов денеска да разговара со Стив и Џаред. Веруваме дека тоа е правилно – да не изгубиме ниту еден ден и ниту една можност која може да го приближи резултатот. Нека нашиот денешен разговор стане уште еден чекор кон мирот. Исто така, ги замолив момците да ги пренесат нашите честитки до претседателот Трамп и целото семејство Трамп по повод Божиќ. Ви благодарам!“, нагласи Зеленски.
Од друга страна, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека преговорите со Соединетите Држави за ставање крај на војната во Украина напредуваат бавно, но сигурно.
– Во процесот на преговори со Соединетите Држави за решавање на конфликтот во Украина може да се забележи бавен, но постојан напредок – рече Захарова.
Таа речиси и да не ја спомена Украина и наместо тоа се обиде да ги соочи Вашингтон и неговите европски сојузници вклучени во мировните напори.
Захарова ги повика американските колеги „активно да се спротивстават на обидите на западноевропските земји да го торпедираат и поништат напредокот постигнат во процесот на преговори за Украина“.
По објавувањето на мировниот план од 28 точки, кој многумина го критикуваа како „руска листа на желби“, европските лидери и се приклучија на Украина во процесот на преговори, со цел да се спречат исходи кои би можеле сериозно да ја поткопаат идната стабилност на Киев.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оттогаш изнесе контрапредлог од 20 точки, за кој во моментов се расправа. Сепак, Русија сè уште нема претставено официјален став и не се откажа од своите барања.
Зеленски во вторникот го прими извештајот на украинската делегација за резултатите од состаноците со претставниците на претседателот на САД, Доналд Трамп, кога беа подготвени нацрти на неколку документи, наведува Укринформ. Тој потоа изјави дека новиот мировен план од 20 точки е „главната рамка за ставање крај на војната“, наведува украинскиот портал.
Tagged as:
Москва е задоволна од „бавниот напредок“ Украина тактизира
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖