Background

Украина размислува како да ја добие поддршката на САД

Висок украински функционер изјави дека раководството на земјата е подготвено да стори речиси сè за да ја задржи американската поддршка, вклучително и „масивни испораки на украински јајца“, пишува „Вашингтон пост“ во анализа за тоа што ќе се случи откако Украина  на состаноците во Минхен ѝ кажа на администрацијата на Трамп дека не може легално да пренесува минерални ресурси според предложените услови.

– Во земјата има вишок јајца, а раководството на земјата е свесно за брзиот пораст на нивната цена во САД – рекол изворот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им наредил на своите министри да не потпишуваат договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до вредните и ретки минерали на Украина, објаснувајќи дека документот е премногу фокусиран на интересите на САД.

- Advertisement -
Ad image

– За мене е многу важна врската помеѓу некакви безбедносни гаранции и некаква инвестиција – изјави Зеленски.

Весникот пишува дека Украина истражува алтернативи за да ги добие безбедносните гаранции од САД. Еден украински функционер вели дека Киев бил шокиран од обемот на барањата.

Сепак, главниот приговор на Киев не беа овие барања, туку фактот дека договорот не содржел никакви безбедносни гаранции. Киев ќе испорача „контра предлог“ кој ќе вклучува вакви гаранции, се вели во статијата.

Еден од украинските функционери рече дека предлогот за минерални суровини пристигнал во Киев четири часа пред средбата на Зеленски со американскиот министер за финансии Бесант. На средбата министерот за финансии „инсистирал“ на итно потпишување, но Зеленски одбил. Весникот пишува дека тој самиот имал само „неколку минути“ да се запознае со договорот.

Украински функционер ја споредил оваа ситуација со начинот на кој Европејците ги поделија африканските колонии во 18 век и рекол дека тоа може да доведе до одземање на правата за развој на украинските ресурси со децении без никакви гаранции дека инвеститорите навистина ќе ги развијат.

Друг украински функционер смета дека САД се обидуваат да воспостават контрола врз ретките метали и материјали како што се литиум, графит и ураниум.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation