Background

Украина може да биде средството за притисок?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Дански безбедносни експерти веруваат дека поранешниот претседател Трамп би можел да се обиде да прогласи дека Гренланд е американски „протекторат“ со едноставна објава на социјалните мрежи, што би создадало парализа во рамките на НАТО. Властите во оваа земја сметаат дека Европската унија и Данска немаат сила да спречат таков чекор на САД.

- Advertisement -
Ad image

Трамп, како што пишува „Атлантик“, тврдеше дека на САД „апсолутно им треба Гренланд“ , што во Данска и во Европа беше препознаено како експанзионистички став. Американски соработници, меѓу кои и Стивен Милер, изјавиле дека воена акција не би била потребна бидејќи нема кој да се спротивстави на заземањето на Гренланд.

Данскиот пратеник Расмус Јарлов реагираше на зборовите на Милер, доведувајќи ја во прашање неговата проценка. „И мисли дека нема да се бориме да го задржиме? Грешка“, рече Јарлов.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, предупреди дека заканите мора да се сфатат сериозно.

Украина ќе биде средство за притисок?

Европските претставници стравувале дека Трамп би можел да ја искористи поддршката за Украина како средство за притисок врз нив, доколку се спротивстават на неговите амбиции за Гренланд.“

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека за иднината на Гренланд треба да одлучуваат само Гренланд и Данска, а францускиот министер за надворешни работи рече дека Гренланд „не е на продажба ниту за грабнување“.

Oд друга страна, десничарските „суверенистички“ партии во Европа се поделени околу прашањето како да одговорат на акцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела и неговите закани за преземање контрола врз Гренланд, при што некои молчат, други го поддржуваат, а има и такви кои го осудија, оценува бриселскиот портал „Политико“.

Членот 5 може да створи криза во НАТО?

Гренланд е дел од Кралството Данска, а Данска е членка на НАТО. Тоа значи дека напад или нелегитимно присвојување на Гренланд би паднало под член 5 од Северноатлантскиот договор, кој вели дека напад врз една членка е напад врз сите. Европските функционери истакнуваат дека САД би ризикувале огромна криза во трансатлантската алијанса со таков потег.

Иако постојат поединци на Гренланд кои ја поддржуваат американската идеја за поголема независност од Данска, анкетите не покажуваат широка поддршка за замена на данското со американско знаме. Некои се плашат да проговорат јавно поради социјални и професионални последици.

Гренланд, со околу 56.000 жители и автономија во рамки на данското кралство, има долгогодишна историја и култура, при што данските власти ја контролираат надворешната политика и безбедноста.

Гренланд ќе биде новата Венецуела?

По соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, Трамп објави дека САД сега „управуваат со Венецуела“, што, според „Атлантик“, го охрабрило да ја види силата како легитимен инструмент за редефинирање на геополитичкиот поредок.

Успехот на операцијата во Каракас, спроведена под изговор на враќање на демократијата, стана пример за новата американска стратегија на директен притисок.

Политичкиот директор на унгарската Влада и главен советник на премиерот Виктор Орбан, Балаш Орбан, во одговорот до бриселскиот портал истакнал дека со акцијата во Венецуела, Трамп само ги „следел американските национални интереси што се обврзал да ги застапува“.

Единствена меѓу истакнатите лидери на европската десница, кои јавно се спротивстави на американската акција за смена на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, е неформалната лидерка на францускиот екстремно десничарски Национален собир, Марин Ле Пен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation