Украинските сили заробиле повеќе од 900 руски војници во овој руски пограничен регион откако во август минатата година започнаа офанзива во Курск, објави денеска Киев.
„За време на операцијата, украинските сили заробија 909 руски војници“, соопшти украинската војска. Таа додаде дека благодарение на заробените војници, стотици украински борци биле вратени дома од руското заробеништво како дел од размената, пренесува француската новинска агенција АФП.
Додека двете страни во војната, која трае речиси три години, не можат да се договорат за мировни преговори, репатријацијата на телата и посмртните останки на загинатите војници и размената на воени заробеници се една од ретките области во кои тие продолжуваат да соработуваат од почетокот на војната.
Од февруари 2022 година, тие размениле стотици воени заробеници. Последната позната размена се случи во средата, кога по 150 војници од двете страни се вратија дома.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
