Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека без директна средба со Владимир Путин во Турција, иницијативата за нова рунда мировни преговори ќе биде бесмислена и ќе се доживее како целосен пораз на рускиот претседател, објави РБЦ Украина.
Од Кремљ, пак, потврдуваат дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај и очекуваат присуство и од украинска страна.
– Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не 10 години. Украина нема да издржи… Русите нема да им веруваат на Украинците, а Украинците нема да им веруваат на Русите. Само надворешни посредници можат да гарантираат почитување на сите договори. Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз – изјави Зеленски, нагласувајќи ја важноста на личното присуство на рускиот лидер.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно соопшти дека руската делегација ќе пристигне во Истанбул на 15 мај и изрази надеж дека и украинската страна ќе учествува во преговорите.