Background

Украина го нападна гасоводот Турски тек, Унгарија остро реагира

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украинскиот напад врз инфраструктурата на гасоводот Турски тек во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

- Advertisement -
Ad image

„Украина сега го нападна Турски тек во Русија, кој директно гарантира снабдување со гас за Унгарија. Без овој гасовод, Унгарија физички и географски не може безбедно да се снабдува со природен гас“, напиша Сијарто на Икс.

Тој ја поврза оваа акција со претходната блокада на јужниот крак на нафтоводот Дружба, истакнувајќи дека двете случувања претставуваат „сериозни напади врз нашиот суверенитет“.

Според Сијарто, Турски тек е единствената логична и безбедна рута за Унгарија, а секој обид да се оштети ја става во ризик целата енергетска стабилност на земјата.

 

Оваа изјава доаѓа во време кога тензиите околу енергетските рути во Европа се на врвот, а Турски тек стана клучна артерија за целиот југоисточен дел од континентот. Овој гасовод од Русија преку Црното Море оди до Турција, а потоа преку Бугарија и Србија кон Балканот.

Зависноста на Балканот од Турски тек е огромна, а ова стана едно од клучните енергетски прашања во регионот.

По прекинот на дел од традиционалните рути за снабдување со руски гас кон Европа, значаен дел од природниот гас за балканските држави почна да пристигнува токму преку оваа линија што минува од под Црното Море. Енергетските експерти предупредуваат дека ваквата структура создава значителна зависност од една транспортна рута и од еден главен снабдувач, што ја прави енергетската безбедност на Балканот чувствителна на геополитички тензии и можни прекини во испораката. Поради тоа, земјите од регионот сè поинтензивно бараат алтернативни извори и интерконекции за диверзификација на снабдувањето со гас.

Во Македонија годишната потрошувачка на природен гас е релативно мала во споредба со европските држави и изнесува приближно 400 до 600 милиони кубни метри гас годишно, што е речиси 100% од вкупната потрошувачка во државата. Практично целата количина се увезува преку Турски тек, и тоа преку гасоводната врска со Бугарија, која, пак,  од 2020 година се снабдува со руски гас преку оваа линија. Додека не се изградат нови интерконектори, Македонија речиси целосно зависи од овој гас.

Србија увезува 2–3 милијарди кубни метри годишно преку продолжението Балкански тек и е една од најзависните земји во регионот, а Босна и Херцеговина речиси целосно се потпира на гасот што доаѓа преку Србија од Туркски тек. И Бугарија, иако има пристап до азербејџански гас и ЛНГ, сè уште значителен дел од увозот го добива преку оваа рута.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation