Управата за јавни приходи информира дека 31 јануари е рокот за поднесување барања за признавање расходи во даночен биланс за данок на добивка и за данок на доход.
Вакви барања треба да поднесат даночни обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водите деловни книги, доколку во текот на 2024 година имате средства кои понатаму не можат да се користат, односно се трајно надвор од употреба, а кои имаат нето сметководствена вредност.
Тие треба да поднесат барање согласност за признавање на расход во даночен биланс за данок на добивка (образец „ДД-БС”) и барање согласност за признавање на расход од работењето на даночниот обврзник во даночен биланс за данок на доход (образец „ДЛД-БС”). И двете се поднесуваат електронски.
Барањето (ДД-БС и ДЛД-БС) се поднесува со цел преостанатата сметководствена вредност на средствата да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење и таквата амортизација во целина да влезе како признат расход при утврдување на даночната основа за данокот на добивка односно данок на личен доход.