Најдобриот босански судија Ирфан Пељто ќе го суди четвртфиналниот натпревар од Лигата на нации меѓу Данска и Португалија.
Заедно со Пељта за помошници се делегирани и Сенад Ибришимбеговиќ и Давор Бељо, додека четврти судија ќе биде Милош Гиговиќ.
ULN
Натпреварот е закажан за 20 март од 20 часот и 45 минути, а во истиот термин се закажани и Италија против Германија, Хрватска против Франција и Холандија против Шпанија.
Така Пељто продолжи да ја стекнува довербата на УЕФА, а на 13 март го судеше натпреварот од Лига Европа помеѓу Ајнтрахт и Ајакс.