Учителката која преживеа ги доби на суд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вишиот суд во Белград донесе одлука со која ги обврза Милјана и Владимир Кецмановиќ, мајката и таткото на момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“, заеднички да исплатат отштета за нематеријална штета на наставничката по историја Татјана Стевановиќ, која беше тешко повредена во масакрот што се случи на 3 мај 2023 година во училиштето .

Отшетата, се вели во пресудата, се плаќа за претрпената физичка болка, страв, душевна болка поради намалување на општата животна активност и поради деформација. Сумата од 6.900.000 динари која се споменува е еднаква на околу 55.000 евра и предвидена е камата која почнува од денот на пресудата.

Во соопштението се вели и дека:

„Имено, судот утврдува дека во ситуација во која родителот одлучил дека малолетно дете треба да стекне знаење за ракување и употреба на оружје, и дека со одење на стрелиште, детето треба да стекне поголем интерес за овој спорт или хоби, а сето тоа во период кога детето сè уште се развива психофизички, родителот треба да се однесува кон оружјето и муницијата што ги чува во куќата со поголем степен на грижа, односно соодветно да обезбеди оружје и муниција“.

Share This Article