Училиштата ќе добијат итни инструкции за заштита

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро ќе достави упатство до училиштата со конкретни насоки за постапување во случај на хибридни закани, како оние со лажни дојави за бомби. Документот, подготвен од Министерството за дигитална трансформација, содржи препораки и правила што ќе им помогнат на образовните институции да одговорат поефикасно на ваквите безбедносни ризици.

Во претходниот период, училиштата во државата веќе добија слично упатство од Министерството за внатрешни работи (МВР), но како што истакна министерката Весна Јаневска, новите мерки се неопходни поради брзите промени во методите на сајбер-напади.

Јаневска објасни дека училиштата се задолжуваат да користат исклучиво официјални е-адреси од МОН, бидејќи лажните закани во петокот биле испратени на приватни адреси и преку несоодветни провајдери.

– Ќе треба време, но ако училиштата се придржуваат до правилата, ваквите напади ќе станат значително отежнати, а ние полесно ќе се справуваме со нив – изјави Јаневска на прес-конференција.
Иако ќе се обрне внимание и на закани добиени на приватни мејлови, министерката нагласи дека државните е-адреси се многу подобро заштитени и затоа училиштата треба да ги користат исклучиво нив.

– Сајбер-нападите најчесто се случуваат преку незаштитени мејлови. Официјалните адреси на МОН имаат повисок степен на безбедност и затоа инсистираме на нивната употреба – додаде Јаневска.

Покрај ова, новото упатство ќе содржи препораки до општините за дополнителни безбедносни мерки, како поставување камери во училиштата и ангажирање обезбедување.

По серијата дојави за поставени експлозивни направи во училиштата низ државата, формиран е меѓуресорски кризен штаб за подобрување на кибер-безбедноста, кој, според министерката, ќе продолжи со својата работа во наредниот период.

– Даваме препораки за учениците да бидат безбедни, но ќе направиме и мониторинг за нивното спроведување – заклучи Јаневска.

Share This Article