Ученик во шесто одделение е повреден откако паднал преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ученик во шесто одделение е повреден откако паднал преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп, објави прилепскиот портал Маркукуле.

Ученикот веднаш бил префлен во прилепската болница а од таму итно бил испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, рекол за Канал 5 директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.

Детето има повреда на прешлените и скршеници на петиците на нозете. Неофицијално, несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.

Share This Article