Background

Убиецот на 13 членови од сопственото семејство застрелан на стадион

Јавна егзекуција потресе илјадници граѓани во источниот авганистански град Хост. Човек кој претходно оваа година убил 13 членови на сопственото семејство бил застрелан на градскиот стадион, пред очите на роднините и на јавноста.

Сцената ја следеле десетици илјади луѓе, додека Талибанците тврдат дека постапката е „спроведена според шеријатскиот закон“.

Меѓу гледачите бил и роднината кој лично го извршил пукањето, потврди портпаролот на полицијата во Хост, Мустафгир Горбаз. На роднините им била понудена прошка што ќе го поштедела животот на осудениот, но тие побарале смртна казна.

- Advertisement -
Ad image

Според судските документи, осудениот влегол во дом на своето пошироко семејство и убил 13 лица, меѓу кои 9 деца и нивната мајка. Смртната пресуда била потврдена од Врховниот суд и одобрена од врховниот лидер на Авганистан, Хибатула Ахунџада.

 

Ваквите егзекуции повторно го потврдуваат враќањето на стариот модел од 1990-тите, кога Талибанците редовно спроведувале јавно камшикување и каменување.

Талибанската власт воведе рестриктивни правила што ги исклучуваат жените и девојчињата од образованието и повеќето работни места, враќајќи ги јавните егзекуции како дел од „строгото толкување на шеријатот“. Според Врховниот суд, ова била 11-та јавна егзекуција откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година.

Специјалниот известувач на Обединетите нации за Авганистан, Ричард Бенет, изјави дека јавните егзекуции се „нехумана и сурова казна спротивна на меѓународното право“ и повика на нивно итно запирање.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation