Убиениот Хабиб Буњаку, бил син на функционер на ДУИ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Според неофицијални информации, убиен во престрелката во Чаир е Хебиб Буњаку, син на поранешниот функционер на ДУИ, Екрем Буњаку, кој бил директор на Државниот инспекторат за техничка инспекција. Според информациите на радио Лидер, ранет е Бесник Буњаку, кој е брат на убиениот Хебиб.

На социјалните медиуми граѓаните се простуваат од Хебиб и изразуваат сочувство до семејството Буњаку.

Според МВР, конфликтот, во кој едно лице беше убиено, а две беа ранети, настанал поради недоразбирање во сообраќајот, кое набрзо екалирало во оружен судир меѓу две групи.

– На 10.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу две групи, при што било употребено огнено оружје – рекоа од МВР.

Според МВР, пукањето се случило десетина минути пред полноќ, а потоа од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди се донесени две лица од Скопје на возраст од 35 години.

– На 11.02.2025 во 00.06 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени Х.Б.(35) и А.Д.(35), двајцата од Скопје, и дека подоцна Х.Б. починал, а над А.Д. била извршена интервенција и бил задржан на лекување. Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција – додаваат од полицијата.

По преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б.(39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р.(41) и К.Т.(28), двајцата од Скопје.

– Исто така, по преземени мерки, на местото биле пронајдени два пиштоли, неколку возила и други предмети поврзани со делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави – велат од полицијата.

На местото на инцидентот увид извршил дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, кој потврди дека се работи на детално расчистување на случајот.

- Advertisement -
Ad image

„Според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. Обезбедени се и снимки од видео надзор кои се прегледуваат. Исто така, издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а се работи на целосно испитување на настанот и утврдување на причините“, соопшти Јавното обвинителство.

Share This Article