Топ Вести - Слушај сега
Убави вести за сите што сакаат да патуваа, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија.
Две нови линии стартуваат на Скопскиот аеродром од месец јули, објави министерот за транспорт Александар Николоски. Од 15. јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија додека од 18. јули ќе се отврои лет за Алгеро Сардинија, исто така во Италија.
„Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3,2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот“, пишува министерот.
Николоски информира дека е најавено и зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo.
„Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром“.
Tagged as:
како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија Убави вести за сите што сакаат да патуваа
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
