Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото, судејќи според нејзините објави на Инстаграм. Во својата последна објава на Инстаграм, таа објави неколку фотографии од плажа. На плажата и во барот на плажата, таа позираше во кафеав фустан од „Пупет Ст Барт“ со шешир „Ермес“и очила за сонце „Селин“.
Српската убавица облечена целата во луксуз.
Ивановиќ ги покажа витките затегнати нозе, позирајќи во кафеав фустан со гол грб и длабоко деколте.
Пред тоа, таа се пофали и со фотографии од плажа и покажа како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборава својата најголема љубов – тенисот. На сите неодамнешни фотографии, Ивановиќ постојано се смее.
Инаку, како што напиша српски „Курир“ пред неколку дена, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер официјално се развеле.