Полицијата ноќеска уапсила двајца малолетни прилепчани, кои се фатени на дело при кражба од црква.
„На 18.7.2025 година во 4.35 часот на улицата Цар Самоил во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп. Тие биле затекнати како вршат кражба од метално сандаче за доброволен прилог од црква. Приведени се во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти прилепската полиција.