Background

Уапсени 20 потпалувачи, дел од нив се во притвор

Државата годинава покажува дека можело многу поинаку да се даде одговор на сите предизвици со пожарите. Досега во врска со пожарите се лишени од слобода 20 лица. Дел се во куќен, дел во ефективен притвор, а дел се пуштени на слобода поради тоа што се малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

МВР, нагласи Тошковски, има директни докази дека дел од пожарите се подметнати, а имаме и соодветни докази поврзани со организирани структура.

– Оние кои што беа пиромани и кои индивидуално палеа пожари ги фативме. Не сите, но фативме добар дел од нив. Но, особено првиот ден кога настанаа огромен број пожари околу Скопје и имаше многу симптоматична и временска и подрачна појава на пожарите околу витални објекти од значење на државата, во однос на тие пожари имаме основани сомненија дека станува збор за организирана група, за која што ќе видиме понатаму која ѝ била целта – изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на меморандум за соработка со Црвениот крст.

- Advertisement -
Ad image

Според Тошковски, Владата навреме презеде мерки и донесе наредба за забрана за движење во шуми. Тоа има ефекти и граѓаните тоа можат да го видат, без разлика што, како што рече, ова лето е можеби најжешко од аспект на сувост на вегетацијата.

– Мислам дека одговорот што го имаме е далеку поразличен од тоа што државата го имала како одговор во минатото и тоа е видливо на терен. Видливо е од аспект на силите кои што ги имаме, од аспект на механизацијата и дејствијата што ги презема Владата. Навреме донесе забрана за движење во шуми и сето тоа дава резултат, за разлика од претходно – изјави Тошковски.

Целта на МВР, нагласи Тошковски, е да покаже дека државата навистина функционира и дека институциите за разлика од порано си ја работат работата, дека луѓето се посветени на тоа што им е работа и дека навистина сакаме да изградиме Македонија која ќе биде не само територијално дел од ЕУ и од европските вредности, туку Македонија која ќе биде суштински со европски вредности во секојдневното функционирање.

– Не е битно што говорат политичарите, колку што се битни делата на институциите. Тоа е она што треба да биде видливо и да даде додадена вредност за државата. Доколку институциите остават дела зад себе, од аспект на функционалност, професионалност и навременост, тогаш сите македонски граѓани подобро ќе се чувствуваат и ќе имаат подобар живот во Македонија – вели министерот за внатрени работи Панче Тошковски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation