На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што на 31.01.2025 околу 14 часот на крстосница од булеварот Кузман Јосифоски Питу и улицата Бојмија со патничко моторно возило „цитроен” удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот, информира МВР.
Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му се констатирани телесни повреди.
„По наредба на јавен обвинител С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка“, се наведува во соопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
