Топ Вести - Слушај сега
Службеник од Основниот суд во Гостивар бил уапсен под сомнение дека побарал 100 евра поткуп, објави Министерството за внатрешни работи. Според соопштеното, службеникот требало да „среди“ судска казна од 200 евра и шестмесечна забрана за управување возило.
„Лицето А.Ј. (49) од Присојница, општина Маврово и Ростуше, било приведено во понеделникот вечерта, околу 20:10 часот, од полицијата во Ростуше“.
Во пријавата на Н.А. од Калиште се вели дека вработениот во судот му се обратил преку пријателот С.М. од Гостивар, уверувајќи дека може да ја „избрише“ казната бидејќи документите наводно стигнале кај него на извршување. За тоа, побарал 100 евра.
Двајцата се договориле за средба во угостителски објект во Гостивар. Но таму, наместо договор, следел пресврт.
Kога се сретнале со судијата, Н.А. му рекол дека е новинар и дека снима по што осомничениот се обидел да се оправда дека „се шегувал“ и се обидел да избега.
А.Ј. бил веднаш приведен и задржан во полициска станица.
Tagged as:
Уапсен службеник кој сакал да „среди“ казна во замена за 100 евра
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
