Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово денеска лишија од слобода триесетгодишен кумановец што се сомничи дека за време на полувремето на кошаркарскиот натпревар во Куманово се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
По расчистувањето на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
Според МВР, во врска со кошаркарскиот натревар што се одржа на 02.08.2025 година во спортската сала во Куманово, во полициска станица се повикани неколку осомничени лица со кои е извршен службен разговор.
По извршени анализи во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово, против инволвираните лица ќе бидат преземени конкретни законски мерки, вклучително и кривични постапки.
Од МВР апелираат до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат спортистите миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без какви било навреди по лична, етничка, верска или која друга припадност што не соодветсвува на спортски натпревари и е спротивно на законот.
Tagged as:
Уапсен е 30-годишен кумановец
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
