Тврдеа дека сум девица, иако имав сексуални односи од 14-годишна возраст

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поп принцезата Бритни Спирс во своите мемоари „Жената во мене“ објаснила зошто била претставена на јавноста како девица кога стекнала слава.

Пејачката напишала дека, кога нејзината кариера штотуку започнала, нејзините ПР-експерти сакале таа да се претстави на специфичен начин, со што таа првично се согласила.

„Вистината е дека, ако си млад и сам во Холивуд, и почнат да кружат гласини дека си имал сексуален однос, веднаш те етикетираат како к…а, па затоа мојот тим ја создаде целата оваа приказна за мене“, напишала таа.

Меѓутоа, Бритни истакнала дека приказната нема смисла со оглед на нејзината тогашна врска со пејачот Џастин Тимберлејк.

„Бидејќи имав многу тинејџерски фанови, моите менаџери и ПР-тимот долго време се обидуваа да ме прикажат како вечна девица, иако Џастин Тимберлејк и јас живеевме заедно и имав сексуални односи уште од мои 14 години“, напишала таа во својата книга.

Таа лажна приказна, тврди пејачката, ѝ предизвикала голема штета. Во еден дел од мемоарите, Спирс открила дека имала спонтан абортус во текот на врската со Тимберлејк, но не отишла во болница бидејќи се плашела дека веста може да протече. Таа опиша дека „плачела и врескала“ на подот од бањата бидејќи лековите ѝ предизвикувале силни болка, а додала и дека Тимберлејк мислел дека музиката ќе ѝ помогне, па затоа донел гитара и свирел покрај неа.

Дури и по нивното раскинување, Спирс продолжила со лагите што ѝ ги наметнал нејзиниот тим. Во 2003 година, таа изјавила дека „дури по две години врска со Џастин имала секс за првпат“. Тоа не било вистина. Во своите мемоари, таа објаснила дека имала сексуални односи од 14-годишна возраст и дека првпат спиела со најдобриот пријател на својот брат Брајан.

„Зошто моите менаџери толку инсистираа дека сум некаква девица дури и во моите дваесетти години? Кого го интересира дали сум имала секс или не?“, се запрашала таа во книгата.

Спирс напишала дека „била претставена како вечна девица, иако тоа не било вистина“. Во поголемиот дел од својата кариера, Спирс била под нечиј надзор, а од 2008 до 2021 година била под старателство, на што се спротивставила.

- Advertisement -
Ad image

Откако успеа да го одземе старателството, таа изјави дека никому не би му посакала таква болка и дека ѝ било исклучително тешко да го прифати она што ѝ го направило нејзиното семејство.

Share This Article