– Верувам дека си она што го јадеш. Јадам многу зелен зеленчук, лосос и секогаш кога можам, бирам органска храна. И темно чоколадо – бев пресреќна кога прочитав дека всушност е добро за здравјето – призна таа со насмевка. Иако е во јавниот живот со децении, Твиги вели дека воопшто не размислува за пензионирање.
Напротив, таа останува многу активна во разни креативни проекти.
– Не мислам дека е добра идеја целосно да се пензионираш. Ако престанеш да работиш една работа, најди нов интерес – вели таа.
Покрај манекенството, денес таа дизајнира, глуми и пее, а моментално работи на нова музика со кантавторката Ејми Ваџ. Во текот на изминатата година, патувала низ Европа и Велика Британија промовирајќи документарец за нејзиниот живот во режија на Сејди Фрост.
И покрај нејзиниот статус на модна икона, Твиги признава дека никогаш не се чувствувала удобно во класично женствени фустани.
– Секогаш носев панталони. Дури и во 1960-тите, често нарачував машки одела од Томи Натер. Едноставно изгледам подобро во панталони – вели таа и додава дека како млада жена немала типична женствена фигура, поради што никогаш не се чувствувала удобно во фустани со набори. Наместо тоа, претпочитала мини здолништа со чизми и малку бунтовен стил. Денес, вели, ги оставила мини здолништата настрана, но сепак сака да носи елегантни костуми со панталони, кожни јакни и впечатливи модни комбинации.
Иако станала глобална сензација речиси преку ноќ, Твиги никогаш не го анализирала премногу својот успех.
– Многу е поубаво да се биде љубезен кон луѓето затоа што тогаш и тие ќе бидат љубезни кон тебе. Не сакам да го живеам животот лута и постојано да се жалам. Животот е премногу краток – рекла легендарната манекенка.
До 1967 година, таа шетала на модни ревии во Франција, Јапонија и САД, а се појавила и на насловните страници на списанијата „Вог“ и „Татлер“.
По четири години манекенство, одлучила да се пензионира, на 20-годишна возраст.
– Не можеш да бидеш закачалка за алишта целиот свој живот – рекла таа.
Иако беше и ТВ личност и музичарка, признава дека била свесна дека светот секогаш ќе ја памети како модел.
По модните писти, таа го освои и светот на глумата, а благодарение на филмот од 1971 година „Момчето пријател“, освои два Златни глобуси. Во 1983 година, го имаше своето деби на Бродвеј, а подоцна беше домаќин на две свои серии.
Твиги застана пред олтарот во 1977 година со американскиот актер Мајкл Витни. Нивната ќерка Карли се роди една година подоцна, а двојката беше во брак до неговата смрт во 1983 година. Мајкл почина од срцев удар, а една година по неговата смрт, Твиги си даде втора шанса за љубов.
Таа го запозна Ли Лосон во 1984 година, а двојката работеше заедно на филмот „Madame Sousatzka“ и се венчаа во Њујорк. Лосон ја посвои нејзината ќерка, која исто така го зеде неговото презиме. Двојката е сè уште среќно венчана, а денес живеат во Лондон. Една од најпопуларните модели во светот ја доби титулата Дама пред неколку години, а наградата ѝ ја врачи британската кралица Елизабета во Бакингемската палата.