Турнејата на претседателот на САД Доналд Трамп на Блискиот Исток се покажа многу чително успешна за американскиот производител на авиони „Боинг“. За време на посетите на Трамп земјите од овој регион се објавени големи нарачки за авиони со широк труп.
Најновата набавка е од Обединетите Арапски Емирати, каде што националната авиокомпанија „Етихад ервејс“ потврди нарачка за дури 28 авиони „Боинг“. Оваа набавка вклучува комбинација од „787 Дримлајнер“ на „Боинг“ и најновите модели „777X“, кои ќе бидат испорачани во 2028 година.
„Етихад ервејс“ веќе има нарачка за 25 од најновите авиони „777X“ на „Боинг“, вклучувајќи осум модели „777-8“ и „17 x 777-9“.
Најновата набавка е дел од планот на компанијата да ја удвои својата флота до 2030 година.
Рекордни нарачки за време на турнејата.
„Етихад ервејс“ моментално има 100 авиони со просечна возраст од 9 години.
„Боинг“ објави продажба на вкупно 268 авиони за време на турнејата на Трамп, вклучувајќи ги и неодамнешните договори со „Катар ервејс“ и саудискиот закуподавач „АвиЛиз“.